Телефонски нарачки на 070271543. Бесплатна достава над 2000,00 ден. Достава во Скопје во ист или нареден работен ден во избран термин. Достава во останатите градови во 1 работен ден.

Тестенини од тврда пченица Фусили

109.00 ден

Тестенините Фусили (се изговара Фузили) се карактеристични за јужниот дел на Италија. Овие тестенини имаат долга традиција на производство. Се прават рачно, а нивниот рецепт се пренесува од генерации на генерации веќе стотина години. Техниката на нивното правење е навистина интересна. Имено тестото се витка околу игли за шиење и затоа и нивниот изглед потсеќа на вретено, а и самото име Фусили значи спирала, односно ротација. Нивната форма е доста карактеристечна и привлечна, поготво за децата кои во нив наоѓаат забава и уживаат во јадењето. Овој вкусен деликатес е направен од 100% италијанско воденично брашно од тврда пченица, кај нив е впечатлива и нивната груба структура, која е резултат на подготовката во бронзени калапи. Оваа структура на тестенините овозможува полесно да се задржуваат сосовите кои го збогатуваат вкусот во кој вие уживате.

Тежина: 500g

Нема на залиха

Бренд: