Сосови и намази
Се прикажуваат сите 11 резултати
-
D’Amico Крема Со Црни Тартуфи 130g
Сосот од тартуф, направен од црн летен тартуф и мелени печурки, е разноврсен производ и е добро прилагоден за подготовка на гурмански рецепти засновани на тартуф, како што се различни видови тестенини, рижото, брускети, пици, омлети, сендвичи, месо и риба.
Пакување: тегла 130 гр
-
D’Amico Песто Од Артичоки 130g
Квалитетни италијански артичоки, масло, Грана Падано, индиски ореви и зачини се состојките на кремата од артичоки. Со неа можете да збогатите многу рецепти како тестенини, рижото, тави со месо, салати, бургери, сендвичи, лазањи.
Пакување: тегла 130 гр
-
D’Amico Песто Oд Сушени Домати 130g
Мелени сушени домати, пулпа од домат, индиски ореви, Грана Падано и зачини се состојките на овој типичен италијански сос кој дава одличен вкус на најразлични рецепти. Совршен додаток е во тестенини, рижото, брускети, сендвичи, бургери и лазањи. Одличен како зачин во крем супи.
Пакување: тегла 130g
-
D’Amico Песто Џеновезе 130g
Песто Џеновезе е еден од најпознатити италијаснски сосови. Подготвен со толчење на босилок, пармезан, пиноли и лукче се прилагодува на најразлични рецепти. Совршен додаток е во тестенини, рижото, брускети, сендвичи, бургери, салати, пица и лазањи. Интересен рецепт кој мора да го пробате е шери доматчиња полнети со песто. Одличен за зачинување на крем супи.
Пакување: тегла 130 гр
-
D’Amico Сос Со Босилок 290g
Сосот ал базилико е подготвен за употреба. Едноставно загрејте го сосот на тивок оган неколку минути, а потоа истурете ги тестенините и измешајте сè во тенџерето, додајте малку екстра девственото маслиново масло.
Пакување: тегла 290гр
-
Robo Крема Од Аспарагус 540g
Го содржи целиот вкус и својствата на свежиот аспарагус. Оваа крема е идеална за реализација на рижото и тестенини, лиснати теста, пици, сендвичи, брускети.
Пакување: тегла 540 гр
-
Robo Крема Од Артичоки 500g
Крема направена од мелени и сецкани свежи артичоки со висок квалитет. Идеална за креација на рижото и тестенини, пици, сендвичи, фокача, брускети.
Пакување: тегла 500 гр
-
Robo Пате Со Црн Тартуф 500g
Патето од тартуф е густо, темно и со силен мирис. Направено е од црн тартуф и мелени шампињони. Одлично е на пица и брускети и совршено оди во комбинација со тестенини, ориз и солени торти.
Пакување: тегла 500 гр
-
Robo Крема Од Фстаци 520g
Произведена во срцето на Сицилија, остров познат по највкусните фстаци, оваа крема е емулзија од фстаци, сончогледово масло, сол и бел бибер. Може да се користи во различни подготовки: како сос за тестенини. пица, риба и месо, лиснати теста,но и како состојка за десерти.
Пакување: тегла 520 гр
-
Robo Крема Од 4 Сирења 580g
Кремата од четири сирења има одличен вкус и карактеристична арома на пармезан. Се користи за подготвка на тестенини, пици, сендвичи, сосови за салати итн. За да се приготви, се раствора со вода, млеко или павлака за готвење.
Пакување: тегла 580 гр
-
Robo Песто Џеновезе 580g
Направен со толчен босилок со масло, пармезан, индиски ореви и малку лук. Одлично оди со њоки, макарони, шпагети, пици, солени торти, ролати од месо, сендвичи и салати.
Пакување: тегла 580 гр