Телефонски нарачки на 070271543. Бесплатна достава над 2000,00 ден. Достава во Скопје во ист или нареден работен ден во избран термин. Достава во останатите градови во 1 работен ден.

Ориз и тестенини

1–12 од 21 резултат

  • Тестенини од тврда пченица Ригатони

    Процесот на создавање на Ригатони тестенините започнува најпрво со избор на најдобрата пченица од италијанските земјоделци. Од таму пченицата се носи водениците. Тука таа се меле на стар воденички камен, при што се задржуваат нејзините нутритивни вредности. Како резултат од овој процес се добива гриз со жолто-килибарна боја, кој има конзистентна густина и се меша со вода за да се добие смесата за Rigatoni тестенините.Инаку самото име на Ригатони потекнува од нивната форма, кои изгледаат на мали цевчиња со дијаметар не поголем од пердув на птица. Тие се најпопуларни во Рим и неговата околина, а од нив се прават голем број на рецепти од кои голем дел се застапени и во мениата на голем број на Мишелин готвачи.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Пене Ригате

    Велат дека Италија е позната и како земја на водениците, фабриките за тестенини и “Макаронарите”. Тоа е така бидејќи Апенините го даваат најквалитетното пченично зрно, од кое се прават и највкусните тестенини во светот. А, Ла Молиаана со своите Пене Ригате тестенини претставува еден вид амбасадор на оваа земја и квалитетот за кој се залага.Пене Ригате, припаѓаат на редот класични тестенини кои се правени од 100% италијанска пченица, мелена во воденица на камен. Тие се подготвени во бронзени калапи, кои што им даваат специфична погруба структура што ги прави погодни за полесна абсорпција на зачини и сосови. Со тестенините Пене Ригате можете слободно да експериментирате во вашата кујна, да ги подготвувате со моцарела, домати и партизан, а тие ќе ви возвратат со медитеранска арома и живописен златен вкус.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Шпагети

    Кога некој ќе каже тестенини, прво нешто кое му паѓа на памет се шпагетите. А, пак кога веќе сте споменале шпагети, тогаш првата асоцијација на тоа е Италија. Во Ла Молисана ќе ја најдете најдобрата комбинација на овие две работи – шпагети со автентичен италијански вкус направени од италијаснко воденично брашно од тврда пченица.Тоа е така бидејќи овие шпагети се правени во бронзени калапи, што им дава погруба површина, која пак одлично ги апсорбира сите сосови и зачини со кои можете да уживате во полниот вкус на тестенините. Шпагетите на Ла Молизана никогаш не можете да ги преварите, а 14,5% од нивниот состав оди на хранливи протеини. Инаку ако не сте знаеле еден интересен факт, зборот шпагети значи тенка долга жица, што е поврзано со изгледот на овој вид тестенини.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Пакери

    Од зрно пченица до тестенина на трпеза, Ла Молисана строго го следи и контролира целокупниот производствен процес на тестенината Пакери. Инаку Пакери е тестенина која се карактеризира со совршен цилиндричен дизајн. Оваа тестенина потекнува од регионот на Неапол и има своевидно “ономатопејско име”, што во некој груб визуелен превод би значело “шлаканица”.Тестенините Пакеро како и сите други тестенини на Ла Молисана, се подготвуваат во бронзени калапи, а резултат на тоа е нивниот испрекинат помалку груб надворешен изглед, чија што задача е да ги задржи сите сосови и зачини на неа.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Мешани форми

    Пакување полно изненадувања, така би го опишале овој микс на тестенини од Ла Молисана. Самото име Pasta Mista, значи микс на тестенини, но иако е микс, би рекле дека тоа е совршено избалансиран микс помеѓу вашите афинитети, кој резултира токму во овој вкусен оброк.Мисијата на Ла Молисана е да обезбедат вкусни и квалитетни тестенини за сите, затоа Misto Corto се правени на традиционален начин со 100% тврдо пченично воденично брашно од Италија. Подготвени во бронзени калапи кои им даваат груба структура, на која лесно се задржуваат сите сосови и зачини. Пробајте, овој микс е навистина забавен.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Лингуине

    Тестенините Лингуине се прават од 100% италијанско воденично брашно од тврда пченица , кое има жолто-килибарна боја и конзистентност на зрната, што ги прави автентични за регионот од кој потекнуваат. Пченицата од која се прави брашното се меле во воденици на камен, а резултат на ова е полн вкус на тестенини со високи нутритивни вредности. Инаку рецептот за нивната подготовка е непроменет веќе 4 генерации.Лингиуните спаѓаат во истото семејство како и шпагетите, но не се шпагети. Тие се разликуваат по тоа што во нивната основа се рамни, наместо да се цилиндрични како шпагетите. Во суштина тоа се шпагети со правоаголен пресек по средината. Инаку како и останатите производи на Ла Молисана и лингуините се правени во бронзени калапи, што значи дека имаат погруба структура која лесно ги задржува зачините и сосовите. Овие тестенини одлично одат со морска храна, јастог, лигњи, ракчиња и школки, потопени со лимон.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Фусили

    Тестенините Фусили (се изговара Фузили) се карактеристични за јужниот дел на Италија. Овие тестенини имаат долга традиција на производство. Се прават рачно, а нивниот рецепт се пренесува од генерации на генерации веќе стотина години. Техниката на нивното правење е навистина интересна. Имено тестото се витка околу игли за шиење и затоа и нивниот изглед потсеќа на вретено, а и самото име Фусили значи спирала, односно ротација. Нивната форма е доста карактеристечна и привлечна, поготво за децата кои во нив наоѓаат забава и уживаат во јадењето. Овој вкусен деликатес е направен од 100% италијанско воденично брашно од тврда пченица, кај нив е впечатлива и нивната груба структура, која е резултат на подготовката во бронзени калапи. Оваа структура на тестенините овозможува полесно да се задржуваат сосовите кои го збогатуваат вкусот во кој вие уживате.

    Тежина: 500g

  • Тестенини од тврда пченица Фарфале Ригате

    Фарфале ригате е новина во палетата на вкусови, на која Ла Молисана е навистина горда. Овие тестенини иако се нови, правени се по традиционалниот рецепт на Ла Молисана. Направени од 100% италијанско пченкарно брашно, овој деликатес “мора” да го има секој љубител на италијанската кујна. Тие се лесно препознатливи, со форма на мали пеперутки, а впечатлива е и нивната груба структура, која е резултат на нивната подготовка во бронзени калапи. Но не е само изгледот привлечен, тие имаат богат и впечатлив вкус, а самата структура овозможува полесно да се задржуваат сосовите.

    Тежина: 500g

  • Органски безглутенски Пене од пченка и ориз

    Органските макарони Пене без глутен на Alce Nero се произведуваат само со органска пченка и ориз одгледувани во Италија. Рецептот е дизајниран да постигне правилен баланс на вкусови помеѓу белата и жолтата пченка и оризот. Отпорноста на готвење е одлична, а оригиналната форма и миризливиот вкус се зачувани. Тие се совршени во комбинација со сосови базирани на домати.

    Грамажа: 250g

  • Органски безглутенски шпагети од пченка и ориз

    Органските шпагети без глутен на Alce Nero се произведуваат само со органска пченка и ориз одгледувани во Италија. Рецептот е дизајниран да постигне правилен баланс на вкусови помеѓу белата и жолтата пченка и оризот. Отпорноста на готвење е одлична, а оригиналната форма и миризливиот вкус се зачувани. Тие се совршени во комбинација со сосови базирани на домати.

    Грамажа: 250g

  • Таљателе од органско пченкарно брашно

    Ригорозниот процес на производство на органските таљатели на Alce Nero, мешавина за која се користи изворска вода од Доломитите, со подготовка во бронзени калаипи, овозможува тестенини со непогрешлив вкус и одлична отпорност на готвење. Благодарение на нивната ширина и рапава површина, гарантираат совршено впивање на сосот. Погодни се за сосови засновани на зеленчук или месо, за потрадиционални италијански јадења.

    Грамажа: 250g

  • Лазањи од органско брашно

    Лазањите на Alce Nero направени во бронзени калапи имаат погруба конзистентност, со цел што подобро ги апсорбира состојките. Може да ги ставите директно во рерна, без претходно да ги готвите, или малку да ги потопите во зовриена вода да омекнат пред да ги ставите во рерна. Не е важно кој начин на подготовка ќе го одберете со овие органски лазањи кои го гарантираат вкусот.

    Грамажа: 250g