Деликатесни италијански производи
Основан во 2016 година, Eatalian е прв концепт кој нуди деликатесни производи исклучиво Made in Italy
Нашата мисија е да создадеме единствено искуство и уживање за македонскиот потрошувач со префинет вкус. Да ја донесеме во Вашиот дом кулинарската и кафе култура – неизоставен дел од италијанскиот животен стил.



Љубители на убавото
Италијанците кои се познати како големи љубители на убавото, ја бараат убавината насекаде, во архитектурата, уметноста, дизајнот, гардеробата, но најмногу во добрата храна и пијалоци. За нив тоа е секојдневие, а секојдневието е убаво штом денот ќе започне со одлично еспресо и утрински весник.
Паузата за ручек е збогатена со совршените тестенини Ал Денте со домати од јужна Италија и една чаша вино во најблискиот ресторан до работното место.

FOOD
DRINKS
EXPERIENCE

Попладнето е за аперитив со пријателите, како и весели разговори низ дегустација на пенливо вино Франчакорта, мезе со маслинки Таџаска, мињон артичоки во оцет балсамико, кулатело и топла фокача.
Јадењето и пиењето се
животен стил
Вечерата служи за нешто лесно, како рижото Карнароли со шафран во домашна атмосфера. Доколку сепак решат да излезат, ги слушаат препораките на готвачот во некој типичен ресторан – не туристички, туку оној кој само Италијанците го познаваат.
Таму, внимателно се слуша новитетот за неделата, по што следи проучување и дегустирање на специјалитетот: кампоти полнети со моцарела, и поховани и пикантно прелиени инчуни со глазура балсамико, декориран со цвет од капери и полусушени жолти шери домати.


Виното е италијанско, а водата лесна и олигоминерална. И да… за Италија важат поговорките На маса не се старее, и Апетитот доаѓа јадејќи. Јадењето и пиењето се животен стил. Сѐ се дегустира полека и во сѐ се ужива.