Телефонски нарачки на 070271543. Бесплатна достава над 2000,00 ден. Достава во Скопје во ист или нареден работен ден во избран термин. Достава во останатите градови во 1 работен ден.

Search
Close this search box.

Robo Крема Каталана 200g

190.00 ден

Кремот Каталана е десерт типичен за Каталонија, регион на северо-источна Шпанија, од кадешто потоа е извезен во остатокот од Европа. Каталонците тврдат дека е нивни изум и веруваат дека е предок на францускиот крем бруле во којшто на површината на кремата се додава шеќерот кој со пламен се карамелизира.

За да карамелизирате може да користите пламен или неколку минути да ги печете калапите со програмата за скара, додека не се стопи и потемни шеќерот.

Од 1 пакување од 200 гр. може да се подготват околу 15 порции.

Брза и лесна подготовка што не бара печење, додадете само 1/2 литар млеко и 1⁄2 литар слатка хопла за секое пакување.

Десертот може да го персонализирате со додавање на состојки по ваш избор: на пример рендан свеж ѓумбир, кора од лимон и портокал, кафе, бело чоколадо или свежо овошје (бобинки од рибизла, боровинки …). На крајот, Кремот Каталана може да биде украсен со шлаг, чоколадни трошки или стапчиња цимет.

Пакување: кесичка 200 гр

Нема на залиха

Бренд:

Дополнителни информации

Бренд

Robo

Тежина

1kg

Цена

100ден

X