Телефонски нарачки на 070271543. Бесплатна достава над 2000,00 ден. Достава во Скопје во ист или нареден работен ден во избран термин. Достава во останатите градови во 1 работен ден.

Search
Close this search box.

D'Amico

Прикажувам 25–34 од 34 резултати

  • D’Amico Тробојна Киноа 400g

    Состојки: киноа во три бои (бела, црвена и црна)

    Киноата е одличен додаток во исхраната од повеќе причини. Во неа се содржат кварцетин и квамферол – соединенија кои имаат антиинфламаторни, антивирусни и антиканцерогени ефекти, богата е со протеини, минерали и антиоксиданси. Одличен избор е за дијабетичари и за оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина.

    Киноата, како одличен извор на енергија, е едноставна за подготовка на солена и на слатка храна. Совршено се вклопува во салати, во комбинација со различни зеленчуци и во веге исхраната.

    Пакување: Конзерва 400 гр

    Quick View
  • D’Amico Мешавина Од Зеленчуци За Салата Со ориз 290g

    Мешавината за ориз е едноставно и брзо решение кога сакате да приготвите ладна салата од ориз.

    Начин на употреба: исцедете го производот пред да го истурите во оризот, кој можете да го зачините и збогатувате како сакате. Може да додадете моцарела, каѓкавал, пршута, јајце, виршли и др.

    Пакување: Тегла 290 гр

    Quick View
  • D’Amico Мексикански Црн Грав “Frijoles“ 400g

    Мексиканскиот црн грав, веќе подготвен со домат, чили и други зачини е ценето јадење кое е познато низ целиот свет. Како додатна состојка, му дава на секое јадење друга димензија. Совршен во ориз, супа или такос. Покрај додаток во пилешко или говедско месо, совршен е и за вегански и вегетаријански јадења. Ова е веќе подготвен производ кој само треба да се загрее.

    Пакување: Конзерва 400 гр

    Quick View
  • D’Amico Црвен Грав “Red Kidney” 400g

    Црвениот грав е со сладок вкус и нежна, а сепак цврста конзистентност. Веќе варен и подготвен за јадење. Тоа е лесно сварлива храна и содржи многу влакна, протеини и минерали. Одличен како гарнир со риба, школки или бело месо. Идеален како додаток на салати, супи и кремови супи.

    Пакување: Конзерва 400g

    Quick View
  • D’Amico Бел Аспарагус 420g

    Овој зеленчук го снабдува организмот со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е, со што се зајакнува срцето и крвотокот и го забавува стареењето на кожата и слабеењето на видот.

    Белиот аспарагус во комбинација со зелен аспарагус, маслинки, сирење, јајца и зачини е одлична салата полна со различни вкусови. Се користи и како гарнир со месо, риба или во салата, рижото и тестенини.

    Пакување: Конзерва 420g

    Quick View
  • D’Amico Зелен Аспарагус 420g

    Овој зеленчук го снабдува организмот со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е, со што се зајакнува срцето и крвотокот, го забавува стареењето на кожата и слабеењето на видот.

    Зелениот аспарагусот има совршен вкус во комбинација со маслиновото масло, зачински билки и пармезан. Одличен е и како гарнир со месо, риба или во салата, рижото и тестенини.

    Пакување: Конзерва 420 гр

    Quick View
  • D’Amico Срца од артичоки 400g

    Артичоките се совршен додаток во многу рецепти, како што е пица, салата, тестенини и разни предјадења. Интересни се и полнетите артичоки, како и питата со артичоки.

    Пакување: конзерва 400 гр

    Quick View
  • D’Amico Фантазија Од Печурки Ал Натурале 470g

    Различни видови печурки (култивирани „Agaricus bisporus“, „Pholiota nameko mutabilis“, „Volvariella volvacea“, „Pleurotus ostreatus“, „Lentinus edodes“) во оваа фантазија која ќе даде посебен карактер и изглед на секое јадење. Одлични за рижото, пица, тестенини, месо, пити и фокачи.

    Пакување: тегла 470g

    Quick View
  • D’Amico Сушени Домати 280g

    Внимателно одбраните сушени домати, чувани во сончогледово масло, се одличен додаток во многу рецепти. Одлични се за мезе, како гарнир и на брускети. Даваат интересна нота во подготовка на различни сосови за тестенини, во подготовка на месо и зеленчук во тава, салати, пици, сендвичи.

    Пакување: тегла 280 гр.

    Quick View
  • D’Amico Артичоки Алла Романа 280g

    Артичоки ала Романа во маслиново масло, или “артичоки на римски начин“, е типично италијанско јадење и претставува едно од најпознатите јадења во римска кујна. Во Рим се подготвува во секое домаќинство и се служи во сите ресторани во пролетно време.

    Пакување: тегла 280g

    Quick View
X