ВЕГЕТАРИЈАНСКИ СЕНДВИЧ СО МОЦАРЕЛА, РУКОЛА И ПЕСТО ОД СУШЕНИ ДОМАТИ

Во моменти кога немате идеја што да појадувате, немате време да подготвувате голем оброк или се брзате, вегетаријанскиот сендвич е спас! Француско лепче со моцарела, рукола и песто од сушени домати звучи прекрасно, нели? Пробајте го овој едноставен рецепт од само три состојки и уживајте во вкусот!

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
2 багети
200 гр моцарела
100 гр песто од сушени домати
рукола (по желба)
Подготовка
- Исечете го багетот по должина и отворете го.
- Премачкајте со убав слој песто од сушени домати.
- Моцарелата исечете ја на резанки и наредете ги по должината на багетот. Истото направете го и со другиот багет.
- Во меѓувреме вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
- Во загреаната рерна ставете ги багетите и оставете неколку минути да се потпечат.
- Извадете ги багетите од рерната и додадете ја руколата.
- Исечете ги на половина такашто ќе добиете 4 сендвичи.
- Сервирајте.
Добар апетит!