ВЕГАНСКА ЧОРБА ОД МЕШУНКИ

Veganska chorba od meshunki

Чорбата од мешунки е веганско и безглутенско јадење. Исклучително вкусна и нутритивна храна за студените есенски и зимски вечери, полна со многу протеини. Одличен рецепт кој мора да го пробате.

Veganska chorba od meshunki

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
600 гр мешавина од мешунки
1 кромид
15 шампињони
2 моркови
50 сушени  домати
1 голем компир
1 чешне лук
1 литар вода
рузмарин
сол
бибер
чили пиперка

Подготовка

  1. Ставете 1 литар вода да врие и ставете сол.
  2. Исечкајте го кромидот.
  3. Исечете ги шампињоните, морковите и компирите на коцки.
  4. Во тенџере пропржете го кромидот, печурките и морковите 5 минути во маслиново масло.
  5. Додадете ги компирите и сушените шери домати: мешајте неколку минути, а потоа покријте ги со зовриената солена вода.
  6. Варете додека компирите не станат меки, околу 10-15 минути.
  7. Потоа додајте ја мешавината од мешунки, претходно исцедена.
  8. Промешајте и проверете дали е доволно солено.
  9. На крајот на готвењето, додадете лажичка сечкан рузмарин, половина чешне лук и чили пиперчето. Оставете да готви уште неколку минути, а потоа исклучете.
  10. Ако сакате да добиете покремаста чорба, измиксирајте дел од неа.
  11. Послужете со варен ориз или пире од компири. Комплетирајте со малку маслиново масло и бибер.
  12. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи