ТОСТ СО ПЕСТО

Тостот од песто е вкусен сендвич, кој се состои од две парчиња леб полнети со многу песто, кравји кашкавал и шери домати, што го прават навистина неодолив. Подготвувањето е навистина многу лесно и во секој случај со сигурност е еден од оние тостови што нема само еднаш да го подготвите, затоа што е вкусен и лесен.

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 1
Состојки
2 парчиња леб
4 мали шери домати
4 парчиња моцарела
2 лажици песто
Подготовка
- Измијте ги шери доматите и исечете ги на парчиња и оставете ги настрана.
- Парчињата леб премачкајте ги убаво со слој песто, потоа на едното парче ставете ги парчињата моцарела, одозгора ставете ги сечканите шери домати и затворете со другото парче леб.
- Ставете го сендвичот во тавче и пропржете го лебот од двете страни додека не стане златкаста боја.
- Откако добро ќе се испече, пресечете го тостот на половина. Вашиот тост е подготвен.
- Сервирајте.
Добар апетит!