ТОРТИЉОНИ СО ПЕСТО И СУШЕНИ ДОМАТИ

tortiljoni

Тортиљони со песто и сушени домати се вкусно ладно јадење, совршено за подготовка во жешките летни денови. Може да го подготвите како ручек, вечера, па дури и ако одите на пикник.

tortiljoni

 

 

Време на подготовка: 30 минути

Подготовка: лесна

Порции: 4

Состојки
360 гр тортиљони или пене
130 гр песто (може да додадете и повеќе по вкус)
10 сушени домати во масло
пармезан (по вкус)
босилек (по вкус)

Подготовка

  1. Земете тенџере и сварете ги тестенините ал денте во солена вода, па откако ќе бидат готови исцедете.
  2. Ставете ги во сад со средна големина, додадете малку масло и оставете да се изладат целосно.
  3. Во меѓувреме исцедете ги сушените домати, искинете ги листовите од босилек и пармезанот исечкајте го на тенки мали парченца.
  4. Откако тестенините ќе се оладат, во садот додајте ги пестото, босилекот и сушените домати, а потоа измешајте добро.
  5. При сервирање, додадете ги ситните парченца пармезан.

Добар апетит!

Употребени производи