ТОРБИЧКИ СО ШУНКА, КРЕМА ОД 4 СИРЕЊА И КРЕМА СО ТАРТУФ

Торбичките полнети со шунка, крема од 4 вида сирење и крема со црн тартуф се интересно и необично јадење. Овој рецепт е лесен за подготовка и не одзема многу време, а резултатот е одличен!

Време на подготовка: 45 минути
Подготовка: лесна
Порции: 10 палачинки
Состојки
180 гр брашно
2 јајца
350 гр млеко
30 гр путер
Сол
5 парчиња шунка
5 лажици крема 4 сирења
5 лажички крема со црн тартуф
Подготовка
- Почнете со подготовка на палачинките. Во длабок сад ставете го брашното, малку сол и млекото. Мешајте додека смесата не стане без грутки. Во посебен сад изматете ги јајцата и потоа додадете ја смесата. Продолжете со мешање, па додадете го стопениот путер. Покријте ја смесата за палачинки и оставете ја во фрижидер најмалку половина час.
- Извадете ја смесата од фрижидер и подгответе ги палачинките.
- Кога ќе бидат подготвени палачинките, наполнете ги со шунка, половина лажица крема од 4 сирења и половина лажичка крема од тартуф.
- Затворете ги палачинките во вид на торбичка и врзете ги со готварски конец.
- На крај ставете ги уште неколку минути во рерна.
- Сервирајте топло.
Добар апетит!