ТОРБИЧКИ СО ПЕСТО

torbichki so pesto

Необичен рецепт се торбичките од палачинки полнети со песто и рикота. Интересно јадење кое ќе ви ги погали непцата. Лесно, одлично предјадење во секое време!

torbichki so pesto

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
75 гр брашно
75 гр млеко
1 кесичка шафран
2 белки од јајца
сол
30 гр рикота
50 гр песто

Подготовка

  1. Започнете со подготовка на палачинките. Во сад измешајте ја белката од јајцата со брашното, додадете малку сол и кесичката шафран. Додадете го млекото полека, мешајќи постојано додека тестото не се изедначи и биде без грутки.
  2. Покријте го садот со целофан и оставете го да се одмори во фрижидер околу 30 минути.
  3. Во меѓувреме, подгответе го полнењето. Во сад изгмечете ја рикотата со вилушка и истурете две лажици песто. Мешајте додека не стане кремаста. Во зависност од вашиот вкус, можете да додадете повеќе песто во кремот.
  4. Потоа загрејте ја тавата за палачинки и истурете од смесата во центарот на тавата; вртете ја тавата да се рашири добро смесата и гответе околу една минута на средна температура. Потоа превртете ја палачинката и оставете ја на другата страна уште една минута.
  5. Кога ќе бидат готови палачинките, подготвени се за полнење.
  6. На средина на секоја од палачинките, во средината ставете од кремот со рикота и песто, а потоа затворете ги во форма на торбички и врвот врзете го со готварски конец.
  7. Послужете ги топло или на собна температура директно на чинија за сервирање, ставајќи лажица песто под торбичката и придружувајќи ги со свежи шери домати или друг зеленчук по вкус.

Добар апетит!

Употребени производи