ТЕСТЕНИНИ СО КРЕМА ОД Ф`СТАЦИ И КРЦКАВА СЛАНИНА

Тестенините со крема од ф`стак и крцкава сланина се вкусен и лесен рецепт за подготовка, богат со вкусови, но и доволно лесен. Во напорни денови кога немате многу време за подготовка на ручек, ова е одлична идеја како да подготвите вкусно и брзо јадење!

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
320 гр тестенини (шпагети)
200 гр крема од ф`стак
100 гр сланина (на коцки)
пармезан (по вкус)
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка
- Ставете ги тестенините да се варат во тенџере со солена вода.
- Сланината ставете ја во едно тавче да се испржи.
- Откако ќе се бидат готови тестенините, исцедете ги и претурете ги во тавата со сланината во којашто ќе ја ставите и кремата од ф`стак.
- Измешајте сè убаво и сервирајте додавајќи одозгора рендан пармезан.
- Послужете додека е топло.
Добар апетит!