ТЕСТЕНИНИ СО ГРАВ

Рецептот за тестенини и грав е класика на италијанската кујна, јадење со непогрешлив вкус кој ги има своите корени во руралната традиција. Оваа комбинација на состојки и` дава нова димензија на употребата на гравот во кујната.

Време на подготовка: 40 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
320 гр тестенини
200 гр грав
250 гр доматно пире
160 гр сланина
30 гр кромид
30 гр целер
30 гр моркови
1 чешне лук
3 гранчиња рузмарин
2 листови лавор
маслиново масло
бибер
сол
Подготовка
- Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот, целерот и морковот, а потоа исечете ја сланината на ленти.
- Загрејте го маслото во тенџере, додадете едно излупено чешне лук и сечканиот зеленчук и пржете околу 5 минути, потоа додадете ја сланината и продолжете уште неколку минути со готвење. Со кутлача земете од гравот и додајте го во сосот и додадете една кутлача вода.
- Потоа додадете го доматното пире и малку сол, бибер и варете 20 минути на умерен оган.
- Пред да ги додадете тестенините, извадете две кутлачи од смесата и претурете ги во друг сад, а потоа измиксирајте ги.
- Во тенџерето ставете ги тестенините и додадете вода.
- Варете ги тестенините мешајќи повремено, секогаш на умерена температура.
- Кога тестенините ќе бидат готови, додадете ја претходно измешаната смеса и сечканиот рузмарин, а потоа исклучете ја топлината, покријте ја со капакот и оставете да се одмори 3 минути.
- Наросете малку бибер.
- Сервирајте.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://ricette.giallozafferano.it/Pasta-e-fagioli.html