ТЕСТЕНИНИ СО АРТИЧОКИ, СУШЕНИ ДОМАТИ И ИНЧУНИ

Комбинацијата од артичоки, сушени домати, инчуни и пармезан, зачинети со маслиново масло, е одлична со тестенини. Брзо и лесно јадење со многу различни вкусови и многу различни текстури, а едно прекрасно искуство!

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
400 гр тестенини
12 сушени домати во масло
8 артичоки
16 инчуни на филети во масло
1 кромид
сол
Подготовка
- Во тенџере ставете вода да врие, додадете сол и варете ги тестенините.
- Во меѓувреме, исечкајте кромид и пропржете го во поголемо тавче со малку масло.
- Исечкајте ги филетите од инчуни, сушените домати и артичоките и додајте ги во тавчето со кромидот.
- Во тавчето кадешто се пржат состојките, додадете една кутлача од водата во која се варат тестенините, па додајте ги исцедените тестенини и измешајте убаво, да впијат од сосот.
- Служете топло со сечкан магдонос и многу рендан пармезан.
Добар апетит!