ТЕЛЕШКО СО ПЕЧУРКИ

teleshko so pechurki

Телешкото месо со печурки во тава се подготвува во неколку едноставни чекори. Разновидноста на печурките му дава одличен шмек на телешкото месо, со што го прави ова јадење многу вкусно.

teleshko so pechurki

Време на подготовка: 80 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
1 телешко каре со минимум 4 ребра
200 гр шунка
400 гр печурки
500 гр бешамел
1 китка мајчина душица
1 чешне лук
маслиново масло
сол
бибер

Подготовка

  1. Посолете телешкото месо и оставете го да се одмори 5 минути, а потоа ставете го во тава со масло, покријте го со алуминиумска фолија и продолжете со готвењето во рерна на 180 ° C околу 40 минути.
  2. Во меѓувреме, исцедете ги и исечете ги печурките, пропржете ги во тава со масло и лук, додадете ги бешамелот, сечканата шунка и мајчина душица, сол и бибер.
  3. Извадете го месото од рерната, оставете да се одмори неколку минути и исечете го на парчиња. Врз парчињата место нанесете го подготвениот сос и ставете сè повторно во рерна на 170 ° C уште 10 минути, а потоа извадете.
  4. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи