СОЛЕНИ МАФИНИ СО ПОЛУСУШЕНИ ДОМАТИ И ЦРНИ МАСЛИНКИ

soleni mafini so polususheni domati i crni maslinki

Солените мафини со полусушени домати и црни маслинки се вкусно мезе што може да го сервирате за ручек или вечера со пријателите. Практични се и за пикник или патување надвор од градот! Солените мафини се многу едноставни за подготовка и за да ги направите потребно ви е само да имате специјален сад за мафини и хартиени чашки.

soleni mafini so polususheni domati i crni maslinki

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 10 мафини

Состојки
200 гр брашно
3 јајца
100 мл млеко
80 мл маслиново масло
100 гр полусушени домати
80 гр црни маслинки без семка
80 гр кравји кашкавал
80 гр пармезан
1 кесичка сув квасец
1 супена лажица оригано
бибер (по потреба)
сол

Подготовка

  1. Пред да започнете со подготовката на солените мафини, подгответе ги состојките: исцедете ги полусушените домати на филети, исечкајте ги црните маслинки без семка на половинки и исечете го кравјиот кашкавал на мали парчиња.
  2. Во сад, лесно изматете ги јајцата со млекото. Додадете го маслото и ренданиот пармезан. Зачинете со сол и бибер.
  3. Брашното и сувиот квасец додајте ги во смесата преку сито. Додајте го пармезанот и промешајте.
  4. Измешајте ги состојките со рачна маталка. Додајте го сечканиот кравји кашкавал, полусушените домати на филети и сечканите црни маслинки.
  5. Измешајте сè и додадете лажица оригано.
  6. Истурете ја смесата во чашите за печење (може и во алуминиумските чаши за еднократна употреба) и печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Пред да ги извадите од рерната, проверете со чепкалка за заби дали се готови.
  7. Вашите солени мафини со полусушени домати и црни маслинки се подготвени. Служете ги топли или почекајте да се оладат целосно.

Добар апетит!

Употребени производи