ШПАГЕТИ СО СУШЕНИ ДОМАТИ И ИНЧУНИ

testenini so susheni domati i inchuni

Шпагетите со сушени домати и инчуни се многу брзи за подготовка, но и многу вкусни. Неколку состојки со силен вкус кои ќе ви овозможат да подготвите извонредни тестенини кои без проблем ќе го освојат секого.

testenini so susheni domati i inchuni

Време на подготовка: 25 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
200 гр шпагети
50 гр сушени домати во масло или сушени домати на филети во масло
30 гр инчуни во масло
20 гр презла
4 лажици маслиново масло
магдонос
1 чешне лук
сол

Подготовка

  1. Во тенџере ставете да се вари вода за тестенините.
  2. Во меѓувреме, исцедете ги сушените домати од маслото, исечкајте ги со нож и ставете ги настрана (можете да употребите и сушени домати на филети).
  3. Лукот на половинки пропржете го во 2-3 лажици масло. Додадете ги инчуните.
  4. Инчуните гответе ги на тивок оган, додајте ги сушените домати на филети и исклучете го огнот.
  5. Во тавче пропржете ги лебните трошки со 1 лажица масло додека не станат златно-кафеава боја.
  6. Исцедете ги шпагетите и ставете ги во тавата со сосот, повторно вклучете на тивок оган и оставете ги убаво да се измешаат вкусовите. Додадете го и сечканиот магдонос.
  7. Исклучете го огнот, додајте ја презлата, оставајќи малку настрана и добро измешајте.
  8. Сервирајте ги шпагетите наросувајќи ги со остатокот од презлата и ливче магдонос.

Добар апетит!

Употребени производи