ШПАГЕТИ СО РИКОТА И ПЕСТО ОД СУШЕНИ ДОМАТИ

Тестенините со сицилијанско црвено песто се вкусен и лесен рецепт со песто од сушени домати и рикота. Овој рецепт се подготвува многу брзо а, исто така, и многу брзо со мислите ќе одлетате на прекрасниот италијански остров Сицилија.

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
300 грама рикота
песто од сушени домати
маслиново масло (по вкус)
сол и бибер (по вкус)
свеж босилек и мајоран (по вкус)
320 гр шпагети (или друг тип долги тестенини)
неколку индиски ореви или печени бадеми
Подготовка
- Варете ги тестенините во солена вода и исцедете ги, оставајќи настрана малку од водата.
- Измешајте ги тестенините со пестото од сушени домати и рикота и додајте колку што е потребно вода за да добиете течен сос, кој убаво ги покрива шпагетите.
- Послужете ги шпагетите со сицилијанско песто, пополнувајќи го садот со една лажица рикота и украсете го со индиските ореви или печените бадеми и неколку листови мајоран или босилек.
Добар апетит!