ШПАГЕТИ СО ПОЛУСУШЕНИ ДОМАТИ, ЛУК, ЛУТО ПИПЕРЧЕ

Во колективната фантазија на италијанските семејства има две јадења кои се совршена “comfort food”: шпагети со домат и шпагети со лук, масло и луто пиперче. Оваа чинија шпагети ќе ви даде топла прегратка после долгиот работен ден. Одличен избор пред попладневен одмор.

Време на подготовка: 40 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
400 грама шпагети
6/4 чешниња лук
2 лути пиперки или сушена дробена лута пиперка
200 грама полусушени жолти домати
магдонос
маслиново масло
Подготовка
- Варете ги шпагетите во зовриена солена вода.
- Во меѓувреме, загрејте го маслиновото масло во тавче на тивок оган, додадете го лукот исечкан на тенки парчиња и исечената лута пиперка на тркалца (прилагодете по ваш вкус).
- Полусушените жолти домати исцедете ги.
- Кога лукот ќе се кристализира, додадете ги полусушените жолти домати и гответе на умерена топлина, доколку е потребно додадете повеќе масло.
- Исцедете ги шпагетите ал денте, истурете ги во тавата, пропржете ги за да го впијат вкусот.
- Сервирајте ги со додавање на свеж сечкан магдонос.
Добар апетит!