СЕНДВИЧ СО ТУНА И СУШЕНИ ДОМАТИ

Сендвичите од туна и сушени домати се подготвуваат брзо. Состојките се едноставни за припрема, а истовремено се извонредна комбинација на вкусови. Одличен рецепт, особено кога немате многу време за подготовка на храна.

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2
Состојки
80 гр туна
40 гр сушени домати (може да употребите цели сушени домати или сушени домати на филети)
2 лажички вински оцет
2 лажички маслиново масло
сол
бибер (по желба)
2 лажички сенф
100 гр козјо сирење
40 гр спанаќ
2 лепчиња за хамбургер
2 лажици путер
Подготовка
- Истурете ги сушените домати на работната површина и исечкајте ги на мали парчиња.
- Во сад, ставете ја туната, доматите, оцетот, маслиновото масло, солта и биберот и измешајте добро.
- Исечете ги лепчињата на половина и намачкајте со сенф во внатрешноста на едната половината на секој сендвич.
- Ставете ја мешавината од туна и домат, козјото сирење и покријте сè со лист од спанаќ.
- Затворете го сендвичот и лесно притиснете го. На умерен оган стопете една лажица од путерот.
- Наредете ги сендвичите во тавата и ставете капак. На умерена топлина гответе 3-4 минути, односно додека лебот не добие златкаста боја и полнењето не се загрее.
- Додадете го остатокот од путерот и гответе ја другата страна од сендвичите, во покриена тава, додека добие златкаста боја.
- Сервирајте.
Добар апетит!