САЛАТА ОД ТУНА, ЦРН НАУТ И ЈАЈЦА

salata od tuna, crn naut i jajca

Салатата од туна, црн наут и јајца е едноставна за подготовка, не треба многу време и е многу вкусна. Можете да ја подготвите за лесен ручек или вечера, па дури и да ја спакувате и да ја јадете во канцеларија. Уживајте во овој совршен склоп на вкусови.

salata od tuna, crn naut i jajca

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
2 грста зелена салата
2 домати
60 гр црн наут
4 лажици варена пченка
60 гр црни маслинки без семка
2 јајца
120 гр туна
сол
бибер

Подготовка

  1. Сварете ги јајцата околу и откако ќе бидат готови, оставете ги да се изладат.
  2. Во меѓувреме исечете ги доматите на ленти.
  3. Измијте ја салатата и ставете ја на чинија.
  4. Ставете ги доматите, туната, црните маслинки без семка, црниот наут, пченката и јајцата исечени на половини или четвртини.
  5. Зачинете со сол, бибер и маслиново масло.
  6. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи