САЛАТА ОД КИНОА И ГРАВ

Салатата од киноа и грав се подготвува едноставно. Комбинацијата од киноа и грав, со различни зеленчуци и убав киселкаст дресинг го прави ова јадење полно со разни вкусови. Убав и здрав оброк кој ќе ве воодушеви!

Време на подготовка: 45 минути
Подготовка: лесна
Порции: 6
Состојки
ЗА ДРЕСИНГ
5 лажици лимонов сок
1 лажичка сок
1 чешне лук
50гр свеж сечкан коријандер
1 лажичка ким
80мл маслиново масло
бибер по вкус
ЗА САЛАТА
300гр киноа
1 лажица сол
300гр црвен грав
150гр пиперки
1 сечкана лута пиперка
50гр свеж сечкан коријандер
100гр сечкан пролетен кромид
50гр пченка
Подготовка
- Во сад изматете го сокот од лимон, сол, сечкан лук, сечкан коријандер и ким и додавајте го маслото додека се меша. Додадете бибер по вкус.
- Исцедете ја киноата.
- Исцедете го гравот.
- Исечкајте ги зеленчуците.
- Истурете ја киноата во сад, додадете ги гравот и сите сечкани зеленчуци, измешајте малку пред да го додадете дресингот од лимон, лук, коријандер и ким. Повторно измешајте.
- Сервирајте на собна температура.
Добар апетит!