САЛАТА ОД ГРАВ СО ТУНА

Салатата од грав со туна е здрав оброк полн со вкусови. Грав е богат со растителни влакна, протеини, минерални соли и витамини и е одличен во комбинација со туна, маслинки и разни зеленчуци. Одлична летна освежителна салата.

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
320 гр црвен грав
320 гр туна
100 гр маслинки зелени без семка
2 кромид
1 црвена пиперка
60 мл маслиново масло
Подготовка
- Кромидот исечете го на парчиња по должина.
- Пиперките исечкајте ги на коцкички, претходно отстранувајќи го семето.
- Гравот исцедете го.
- Туната исцедете ја.
- Во сад измешајте ги туната, кромидот, пиперките, гравот и зачинете со маслиново масло, сол и бибер по желба.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://iopreparo.com/insalata-di-fagioli-con-tonno/