РОЛАТ ОД МЕСО И СУШЕНИ ДОМАТИ

rolat od meso i suseni domati

Ролат од месо со сушени домати е едноставно главно јадење, кое може да се направи или со свинска кртина или со пилешки гради. Полнењето е толку богато што одлично се вклопува дури и со пилешко месо.

rolat od meso i suseni domati

Време на подготовка: 60 минути

Подготовка: лесна

Порции: 2

Состојки
6 парчиња свинска кртина или пилешки гради
6 тенки парчиња сланина
50 гр фета сирење
1 жолчка
70 гр свежи листови спанаќ
12 сушени домати
1 чешне лук
1 китка свежа жалфија
100 мл суво бело вино
маслиново масло
сол

Подготовка:

  1. Сушените домати процедете ги.
  2. Во меѓувреме, ставете ги 50 гр фета сирење и жолчката во мал сад, а потоа измешајте сè добро со вилушка за да стане една смеса.
  3. Поставете ги парчињата сланина на работната површина и потоа над секое од нив поставете парче свинско или пилешко месо.
  4. Врз месото ставете од листовите спанаќ и одозгора ставете малку од смесата од фета сирење и жолчка.
  5. Ставете од сушените домати подва во средината на секоја парче, над фета кремот.
  6. Тркалајте го секое парче, за да добиете ролати покриени со сланина, боцнете ги со чепкалка за да не се одвртат и држете ги настрана.
  7. Во големо тавче ставете малку маслиново масло, додадете од жалфијата и ролатите од месо, па оставете ги добро да потемнат, вртејќи ги често, за да потемнат од сите страни еднакво.
  8. Кога ќе станат златно-кафеави, потопете ги ролатите во 100 мл суво бело вино и додајте го чешнето лук исечено на половина, а потоа продолжете со готвење уште 20-25 минути, или додека ролатите целосно не се зготват. Доколку има потреба, додавајте малку вода од време на време ако видите дека течноста испарува премногу брзо.
  9. Кон крајот на готвењето додајте сол по вкус и кога ќе бидат готови, може да ги сервирате ролатите, придружувајќи ги со свежа салата од пиперка или со пире од компири.

Добар апетит!