РИЖОТО СО ШКАМПИ И АСПАРАГУС

Рижото со шкампи и аспарагус е префинето јадење кое може да го подготвите многу едноставно. Овој рецепт не само што ќе биде освежување во вашата кујна, туку и ќе ви покаже дека умеете да подготвите совршен оброк за многу кратко време. Уживајте во убавините на овие вкусови!

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2
Состојки
300гр исчистени шкампи
150гр ориз за рижото
250гр зелен аспарагус
20гр путер
½ бел кромид
1 чешне лук
1 литар супа од риба
¼ кесичка шафран
сол
Подготовка
- Загрејте ја супата.
- Во едно тавче ставете ги исчистените шкампи, аспарагусот и гответе 3 минути на висока температура со повремено мешање.
- Откако ќе биде готово, ставете во чинија и зачинете со сол.
- Ставете го оризот и супата да се вари, оставајќи настрана неколку лажици од супата.
- Покријте го садот и гответе 15 минути со повремено мешање.
- Загрејте го шафранот со една лажица од супата и со малку путер.
- Додадете ги исчистените шкампи, аспарагусот и шафранот во оризот, додадете сол и измешајте.
- Оставете го рижототото да отстои околу 2/3 минути пред да служите.
Добар апетит!