РИЖОТО СО КРЕМА ОД АСПАРАГУС И РАКЧИЊА

Како вкусно и брзо јадење, да го воодушевите партнерот или да им се претставите на гостите со спектакуларно јадење, направете го овој рецепт. Комбинацијата од свежината на аспарагусот и текстурата на оризот веќе се уникатна магија, но токму со додавањето на ракчињата добивате едно сосема ново искуство!

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: средна
Порции: 4
Состојки
350 гр. ориз
200 гр. крема од аспарагус
14 ракчиња
1 чешне лук
500 мл. супа од зеленчук
3 лажици маслиново масло
сол
Подготовка
- Во тава со 3 лажици масло ставете го лукот да се пржи и кога ќе почне да добива боја, извадете го и додајте ја кремата од аспарагус.
- Во меѓувреме подгответе ја зеленчуковата супа во паста, растворајќи ја во вода.
- Во тенџерето со кремата од аспарагус, ставете три кутлачи од зеленчуковата супа и варете 10 минути, а потоа додајте го оризот.
- Полека додавајте ја преостанатата зеленчукова супа и продолжете со готвење уште 10 минути.
- Во меѓувреме, во тава ракчињата ставете ги во многу вода околу 2 минути, а потоа исцедете, излупете и додадете ги во садот со оризот.
- Добро измешајте, зачинете со сол и гответе на тивок оган уште 1 минута.
- Сервирајте.
Добар апетит!