РИЖОТО СО БЕЛ АСПАРАГУС

Префинето предјадење богато со аромите на аспарагус и пенливо вино. Направете си ја вечерта совршена со ова вкусно јадење. Внесете го аспарагусот во вашата кујна и вашите гости ќе останат без зборови.

Време на подготовка: 50 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
350гр ориз арборио
250гр бел аспарагус
1 чаша пенливо вино
60гр пармезан
½ кромид
750 мл. зеленчукова супа
80гр путер
сол
бибер
Подготовка
- Излупете го кромидот и исечкајте го ситно.
- Загрејте 60 гр путер во тенџере и пропржете го кромидот.
- Додадете го оризот и запржете го.
- Подгответе ја зеленчуковата супа.
- Додадете го и сечканиот бел аспарагус и одозгора прелијте неколку кутлачи топла зеленчукова супа и продолжете со готвење околу 16 минути, мешајќи често и постепено додавајќи ја потребната супа.
- Додадете го пенливото вино и мешајќи завршете го готвењето со додавање на потребната количина од супата.
- Тргнете од оган, додадете го преостанатиот путер и ренданиот пармезан.
- Оставете го рижотото од бел аспарагус да се одмори неколку моменти.
- Сервирајте.
Добар апетит!