РИЖОТО СО АРТИЧОКИ И ЦРВЕНО ПЕСТО


Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
200 гр ориз Карнароли
60 гр кромид, излупен и ситно сечкан
2 чешниња лук, излупени и сечкани
60 мл бело вино
420 мл супа од зеленчук
40 гр песто од сушени домати
200 гр срца од артичоки, исечени на 2-3 парчиња
40 гр хопла
2 лажици пармезан
Подготовка
- Подгответе ги состојките.
- Ставете 1 лажица од маслото од артичоките во тенџере.
- Гответе ги лукот и кромидот во маринадата. Додадете го оризот. Измешајте. Додадете бело вино.
- Кога виното испари, додадете ја зеленчуковата супа и пестото од сушени домати. Додадете сол и црн пипер и измешајте.
- Гответе околу 6 мин, па потоа измешајте повторно.
- Додадете ја хоплата и сечените артичоки.
- Декорирајте со пармезан
- Сервирајте.
Добар апетит!