РИЖОТО СО 2 ВИДА ДОМАТ

rizoto so 2 vida domat

Едноставноста е нешто што на сите, сè почесто, ни станува дел од начинот на готвење. Рижотото со домат е вкусен, лесен и практичен рецепт кој може да го подготвите во секој момент, а резултатот е зачудувачки.

rizoto so 2 vida domat

Време на подготовка: 25 минути

Подготовка: лесна

Порции: 4

Состојки
1/2 кромид
1 морков
1 стебленце од целер
300 гр ориз карнароли
150 гр сос од домати
5 сушени домати
½ кромид
малку путер
120 гр рендан пармезан
сол
2 китки свежа мајчина душица

Подготовка

  1. Ставете да се вари во тенџере половина кромид, морков и малку целер. Почекајте да зоврие за да ја добиете супата.
  2. Исечете ги сушените домати на многу мали парчиња.
  3. Одделно исечете го кромидот ситно и испржете го заедно со сушените домати и додадете малку маслиново масло. Додадете го оризот, малку сол и добро пропржете.
  4. Сега започнете да го натопувате оризот со жешката супа, малку подигнете од огин и додајте ја пасатата од домати. Кога ќе забележите дека топлината на тенџерето е намалена, повторно вратете на огин, со што оризот ќе продолжи да врие и варете го околу 15 минути. Доколку е потребно додајте сол.
  5. Кога оризот ќе биде готов, тргнете ја тавата од оган и промешајте со путерот и пармезанот.
  6. Послужете топло, гарнирано со свежи листови од мајчина душица.

Добар апетит!

Употребени производи