ПРЖЕНИ АРТИЧОКИ АЛА РОМАНА

Пржени арточоки е рецепт на римската кулинарска традиција. Со ваквата подготовка, артичоките ги нарекуваат Римјани. Доволно е само да влезете во кујната и за многу кратко време ќе имате превкусно јадење кое не сте го пробале досега!

Време на подготовка: 25 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
8 артичоки ала романа/срца од артичоки
30 гр брашно
2 јајца
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка
- Во еден сад измешајте ги јајцата, брашното, 2 лажици маслиново масло, сол и бибер и со миксер измешајте сè добро за да добиете кремаста и мазна смеса.
- Исцедете ги артичоките.
- Натопете ги артичоките во подготвената смеса и оставете ги 10 минути.
- Загрејте масло во тава и, кога ќе стане жешко, ставете ги артичоките, пржејќи ги убаво од двете страни, додека не потемнат.
- Исцедете ги од маслото и поставете ги во сад обложен со хартија да го апсорбира вишокот масло 1-2 минути.
- Сервирајте ги додека се жешки.
Добар апетит!