ПОЛЕНТА СО КРЕМА ОД 4 ВИДА СИРЕЊЕ И КРЕМА ОД ЦРН ТАРТУФ

Дозволете да си поиграте со вкусовите и да додадете нешто ново на овој веќе добро познат рецепт. Полентата е застапена во нашата кујна, но овој рецепт ќе ви покаже нов начин како да ја подготвувате. Со едноставно додавање на крема од 4 вида сирење и крема од тартуф ќе добиете чинија полна неодоливи вкусови.

Време на подготовка: 1 час и 15 минути
Подготовка: средна
Порции: 4
Состојки
½ кг пченкарно брашно
2 л. вода
1 лажица маслиново масло
200 гр крема 4 вида сирење
50 гр рендан пармезан
40 гр крема од црн тартуф
20 гр путер
сол и бибер
Подготовка
- Започнете со подготвување на полентата. Ставете тенџере со вода на висока температура и чекајте водата да почне да врие.
- Додадете 1 лажица сол, 1 лажица маслиново масло и почнете постепено да го додавате пченкарното брашно, за да не се формираат грутки. Измешајте со дрвена лажица.
- Продолжете да мешате постојано во иста насока, мешајќи го најдолниот слој со најгорниот околу 40 минути, додека смесата не стане доволно кремаста и претурете ја во сад за печење.
- Во тенџере стопете го путерот, кремата од 4 сирења и кремата од црн тартуф. Мешајте додека не добиете кремаст сос. Прелијте ја полентата со кремастиот сос и одозгора ставете го ренданиот пармезан.
- Ставете во рерна неколку минути.
- Декорирајте и сервирајте.
Добар апетит!