ПИТА СО МЕШАНИ ПЕЧУРКИ

Полна со вкус, питата со печурки е совршена за есенските денови. Ќе останете вчудоневидени од убавината и вкусот на ова јадење.

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
една ролна кори за пита
200 мл бешамел или ROBO ROUX BIANCO
500 гр мешавина од
печурки
80 гр пршута
150 гр кравји кашкавал
1 чешне лук
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка
- Исцедете ги печурките.
- Во сад измешајте го бешамел сосот со мешавината од печурки, чувајќи неколку печурки настрана за декорација.
- Пршутата исечете ја на ленти.
- Во сад за печење со дијаметар од околу 22-24 см, ставете го тестото за пита врз хартијата за печење.
- Истурете го полнењето и врз целата површина ставете коцки од кравјиот кашкавал и печурките што ги ставивте настрана.
- Преклопете ги вишоците на рабовите на тестото навнатре.
- Печете 35 минути на 200 ° C. Кога ќе биде готова питата, оставете да се излади.
- Сервирајте.
Добар апетит!