ПИЛЕШКО СО СУШЕНИ ДОМАТИ И КАПЕРИ

Пилешко со сушени домати и капери е италијанско главно јадење богато со различни вкусови кои прават совршен баланс. Извонредната комбинација на различните зеленчуци го прават пилешкото месо совршено. Одличен избор за семеен ручек!

Време на подготовка: 1 час и 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 8
Состојки
1 цело и сечкано пилешко месо
половина кромид
1 морков
250 гр сушени домати во масло
2 листови босилек
2 листови магдонос
1 шака капери во сол
200 гр зелени маслинки без семка исечени на половина
1 лута пиперка
сол
Подготовка:
- Исечкајте го кромидот, морковот и лутата пиперка и ставете ги во тенџере заедно со парчињата пилешко и маслото од теглата сушени домати.
- Отсолете ги каперите во вода.
- Оставете да се готви на тивок оган додека да потемнат, додадете ги исечканите сушени домати, капери и маслинки и, доколку е потребно, додадете малку вода.
- На крајот на готвењето ставете ги босилекот и магдоносот и оставете ги уште 10 минути. Додадете сол доколку има потреба бидејќи состојките се веќе солени.
- Извадете ги парчињата пилешко и изблендирајте го сосот.
- Сервирајте.
Добар апетит!