ПИЛЕШКО СО ШАФРАН

Пилешко со шафран е вкусно, оригинално и кремасто јадење кое е идеално за вечера кога сакате да ги изненадите вашите гости со вкусен и ароматичен рецепт. Деликатното пилешко месо е зачинето со исклучителен свеж кремаст сос. Во комбинација со печен компир како гарнир, ќе добиете порција на која нема да може никој да одолее.

Време на подготовка: 90 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
1 ½ кг пилешки батаци
1 л бујон од зеленчук
200 мл хопла
1 лажица брашно
1 чаша brandy
половина лажичка шафран
маслиново масло
магдонос
сол
путер
бибер
Подготовка
- Подгответе го зеленчуковуит бујон.
- Стопете го путерот во тава заедно со маслиновото масло. Додадете ги батаците и оставете неколку минути да се готват на висока температура.
- Штом батаците ќе заруменат, истурете ја во садот чашата бренди и оставете да испари. Додадете неколку лажици од топлата супа и продолжете со готвење на тивок оган околу еден час.
- Доколку има потреба, додадете уште малку од бујон и зачинете со сол и бибер по вкус.
- Во сад ставете една кутлача од бујонот што врие и растопете половина лажичка шафран.
- Прекријте го месото со полна лажица брашно. Натопете го месото во супата со шафран и нежно измешајте.
- Додајте ја хоплата и повторно промешајте, за да стане месото кремасто и вкусно.
- Батаците оставете ги неколку минути да заруменат и украсете со ситно сечкан магдонос.
- Сервирајте.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://ricetta.it/pollo-allo-zafferano