ПИЦА СО КРЕМА ОД Ф`СТАЦИ, МОРТАДЕЛА И МОЦАРЕЛА

pizza so krema od fstak, mortadela i mocarela

Пицата со крема од ф`стак, мортадела и моцарела е секако една од највкусните и најпопуларните верзии на “пица со ф`стак“. Во ова вкусно јадење, можете да вкусите три интензивни вкусови од целата Италија, кои, обединети заедно, го даваат најдоброто што можете да го замислите.

pizza so krema od fstak, mortadela i mocarela

Време на подготовка: 50 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 пици 

Состојки
ЗА ТЕСТОТО:
500 гр брашно
300 мл вода
25 мл маслиново масло
12 гр свеж квасец
9 гр сол

ЗА ПОЛНЕЊЕТО:
200 гр крема од ф`стак
150 гр тенко исечена мортадела
400 гр моцарела
маслиново масло

Подготовка

  1. Растворете го квасецот во малку вода на собна температура. Во сад спојте ги брашното додавајте по малку од маслото, водата во која сте го раствориле квасецот и остатокот од водата (на собна температура). Измесете. На крај додајте ја солта и повторно месете додека не се добие меко и еластично тесто.
  2. Потоа, ставете го тестото на површина врз малку брашно и измесете го во сферична форма.
  3. Ставете го во голем стаклен сад, покријте го со фолија и оставете да нарасне на место кое заштитено од провев (на пр. во исклучена рерна само со уклучено светло) најмалку 3-4 часа или додека двојно не се зголеми волуменот.
  4. Откако ќе нарасне, повторно земете го тестото, поделете го на два дела и формирајте кругови (раширете го тестото со рака).
  5. Потоа, поставете ги пиците во тави за печење.
  6. Врз пицата ставете половина од исечената моцарела и прелијте со маслиново масло.
  7. Печете во загреана рерна на 200 ° C за 15-20 минути.
  8. Кога пицата ќе биде готова, извадете ја од рерната и одозгора убаво распоредете од кремата од ф`стак, парчињата мортадела и преостанатата моцарела.
  9. Вашата пица е подготвена, сервирајте веднаш додека е сè уште топла.
  10. По желба, врз пицата можете да додадете малку сечкани ф`стаци.

Добар апетит!

Употребени производи