ПЕЧЕНИ МАКАРОНИ СО БЕЛ АСПАРАГУС И ЛОСОС

pecheni makaroni so bel asparagusi losos

Вкусна и пролетна варијанта на класичните печени макарони. Дозволете си да размислувате надвор од кутијата и печените макарони искомбинирајте ги со бел аспарагус и лосос, и верувајте дека ќе бидете среќни со изборот што сте го направиле. Бидете различни!

pecheni makaroni so bel asparagusi losos

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
240 гр макарони
200 гр лосос
200 гр аспарагус
50 мл хопла
магдонос за гарнир
пармезан (по вкус)

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 200 ° C.
  2. Во тенџере ставете вода и сол да врие. Кога водата ќе зоврие, варете ги тестенините според времето наведено во кесата.
  3. Додека тестенините се готват, исчистете го лососот.
  4. Ставете ја хоплата во голем сад и разредете ја со малку вода од тестенините.
  5. Додадете го лососот, а потоа и исцедените тестенините ставете ги во садот и измешајте. Доколку е потребно, зачинете со сол.
  6. Пренесете ги тестенините во тава. Доколку сакате, наросете малку рендан пармезан одозгора, а потоа печете околу 10 минути (или додека површината не зарумени).
  7. Сервирајте топло, гарнирано со свеж магдонос.

Добар апетит!

Употребени производи