ПАЛАЧИНКИ СО КАШКАВАЛ, ШУНКА И КРЕМА ОД АРТИЧОКИ

За сите љубители на солени палачинки – совршена комбинација од состојки кои никогаш не би ви паднале на ум кога приготвувате палачинки. Кашкавал, шунка и крема од артичоки е одлична комбинација за да добиете интересно јадење полно вкусови. Уживајте!

Време на подготовка: 35 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4-5
Состојки
ЗА ПАЛАЧИНКИ
70 гр брашно
125 мл млеко
1 јајце
сол
путер (големина на орев)
ЗА ПОЛНЕЊЕ
100 гр кашкавал Emmental или фондута
100 гр шунка
100 гр крема од артичоки
Подготовка
- Подгответе го тестото за палачинките и оставете да отстои околу 30 минути.
- Откако ќе отстои, подгответе ги палачинките: подмачкајте го тавчето со путер, загрејте ја добро и подгответе ги палачинките (приближно ќе има 4 или 5, во зависност од дијаметарот на вашата тава)
- Изрендајте го кашкавалот со ренде со големи дупки, ставете ги палачинките повторно во тавата една по една и пополнете ги со ементал, шунка и крема од артичоки.
- Преклопете ја палачинката на половина како полумесечина.
- Сервирајте.
Добар апетит!