ОРАДА СО МАСЛИНКИ И КАПЕРИ

orada so maslinki i kaperi

Орада со капери и маслинки е исклучително вкусно главно јадење кое се подготвува многу брзо. Богато е со најразлични вкусови кои се надополнуваат и го прават ова јадење неверојатно вкусно. Различните текстури и вкусови претставуваат едно ново искуство за вашите непца. Подгответе го овој рецепт за вашите најблиски и уживајте во убавината!

orada so maslinki i kaperi

Време на подготовка: 35 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
500 гр орада
7 домати пелати
2 кромид
20 маслинки без семка
20 ф`стаци
15 печени лешници
20 гр капери во сол
4 чешниња лук
1 лажичка суво нане
маслиново масло
сол

Подготовка

  1. Подгответе ги сите состојки. Исплакнете ги и исушете ги филетите од риба, ситно исечете го кромидот, исечете ги пелатите на филети ги крупно измелете или исечкајте ги лешниците и ф`стаците.
  2. Во тавче, загрејте 4-5 лажици масло заедно со смачканиот лук. Веднаш штом лукот ќе почне да заруменува, малку зголемете ја температурата и додадете го кромидот, каперите и маслинките.
  3. Пржете ги една минута, измешајте, а потоа додадете ги филетите со домати, едно по едно парче. Оставете сè да се ароматизира 3-4 минути.
  4. Исто така, распоредете ги филетите од риба во тавата и динстајте ги 3-4 минути или повеќе, од двете страни (во зависност од нивната дебелина), посолувајќи ги.
  5. На крајот на готвењето, нанесете го нането вез рибата, а потоа посипете ги лешниците и ф`стаците.
  6. Врз филетите ставете од богатиот сос.
  7. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи