ОМЛЕТ СО АСПАРАГУС

Омлет со аспарагус е типично пролетно јадење, што може да се служи и како мезе. Слаткиот вкус на јајцата го исполнува малку горчливиот вкус од аспарагусот создавајќи уникатен и свеж вкус. Јадењето е добро и топло и ладно, одлично за излет и идеално решение за вечера.

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
6 јајца
800гр зелен аспарагус
3 лажици рендан пармезан
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка
- Во сад изматете ги јајцата со малку сол, бибер и пармезан и со помош на вилушка убаво измешајте ги.
- Исцедете го аспарагусот, исечкајте го на ситни парчиња и ставете го во садот со матените јајца.
- Ставете ја цела смеса во тавче, додајте една лажица масло и гответе неколку минути на висока температура.
- Проверете го омлетот со вилушка и превртете го од другата страна уште 2/3 минути.
- Послужете го омлетот топло или ладно. Декорирајте.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://www.cookist.it/frittata-di-asparagi/