ЊОКИ СО КРЕМА ОД ЦРН ТАРТУФ И 4 ВИДА СИРЕЊЕ

njoki so krema od crn trauf i 4 sirenja

Њоките се типично италијанско јадење кои одат совршени со различни вкусови. Одлични се во комбинација со крема од црн тартуф и крема од 4 вида сирење. Доколку сакате да направите ручек кој ќе биде полн со различни вкусови, овој рецепт е идеален за тоа. Уживајте!

njoki so krema od crn trauf i 4 sirenja

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
400 гр њоки
100 гр крема од црн тартуф
100 гр крема од 4 сирења
магдонос (за декорација)

Подготовка

  1. Сварете ги њоките, а потоа исцедете ги.
  2. Во еден сад измешајте ја кремата од црн тартуф со кремата од 4 сирења додека да стане убава хомогена смеса.
  3. Додадете ги њоките во садот и убаво натопете ги.
  4. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи