ЊОКИ СО АРТИЧОКИ И ДОМАТЧИЊА

Њоките со доматчиња и артичоки се вкусно јадење кое можете многу брзо да го подготвите. Не мора да сте многу вешти во кујната за да го приготвите ова јадење, од кое, верувајте, сите ќе излижат прсти!

Време на подготовка: 35 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2
Состојки
300гр њоки од компир
4 артичоки
400 гр шери домати
2 чешниња лук
2 мали кромиди
маслиново масло (по желба)
сол
бибер
пармезан
½ чаша млеко
½ чаша вода
1 чашка бело винo
Подготовка
- Артичоките исечете ги на мали парчиња.
- Исечкајте го лукот и кромидот и пропржете ги една минута.
- Во тавата додадете ги артичоките и капка бело вино и оставете да испари.
- Додадете половина чаша вода, покријте и гответе пет минути.
- Откако ќе ја снема водата, ставете ги доматите исечени на половина, сол, бибер и варете уште неколку минути.
- Додадете половина чаша млеко за да ги врзат состојките и една шака пармезан.
- Претходно зготвените њоки во солена вода додадете ги и промешајте една минута.
- Сервирајте.
Добар апетит!