ЊОКИ СО 4 ВИДА СИРЕЊЕ И ТАРТУФ

Ако сте расположени за многу кремасто јадење кое ќе го направите многу брзо, њоките со 4 вида сирење и тартуф се совршен избор. Меки, кремасти, полни со вкусови. Баш она што ви треба после долг работен ден.

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2
Состојки
300гр њоки од компир
крема 4 сирења
крема од тартуф
Подготовка
- Њоките сварете ги во солена вода со малку масло.
- Во тенџере на тивок оган ставете ги кремата од 4 сирења и салсата од тартуф и убаво измешајте ги додека не добиете хомогена смеса.
- Откако ќе бидат готови њоките, исцедете ги и додајте ги во тенџерето со сосот и измешајте.
- Сервирајте.
Добар апетит!