МИНИ ЧИЗКЕЈК ОД РИКОТА СО ПОЛУСУШЕНИ ДОМАТИ

Мини чизкејк од рикота со полусушени домати се солени монодози направени од медитерански производи, како што се тарали со маслиново масло, полусушени домати и ф’стаци. Силни вкусови комбинирани во рецепт за вкусно мезе со загарантиран успех.

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
100 гр полусушени домати на филети во масло
1 лажичка отсолени капери
зрна ф`стаци (по желба)
неколку капки табаско
ЗА ОСНОВАТА
160 гр тарали со маслиново масло
80 гр стопен путер
ЗА ПОЛНЕЊЕТО
500 гр урда
рендана кора од лимон (по желба)
мајчина душичка (по желба)
сол
бибер
Подготовка
- За да подготвите Мини чизкејк со рикота и полусушени домати, почнете од основата: ставете ги таралите во блендер, блендирајте дур да станат прав, додајте го стопениот путер и повторно блендирајте, сè додека не се добие хомогена смеса.
- Поделете ја смесата во 4 чашки и со помош на лажица измазнете ја, со што слојот на основата ќе биде со дебелина околу 1,5 см. Натапкајте убаво и ставете во фрижидер за целото времетраење на подготовка на рецептот.
- Во сад измешајте ја рикотата со кората од лимон, мајчината душица и зачинете со сол и бибер.
- Наредете сè врз основата од тарали, израмнете и вратете повторно во фрижидер.
- Измешајте ги со миксер процедените полусушени домати заедно со отсолените капери и неколку капки Табаско. Разредете ако е потребно со малку маслиново масло додека не се добие хомогена смеса.
- Ставете ја во чашите врз слојот од рикота, дополнете со ф’стаци и свежа мајчина душица.
- Сервирајте.
Добар апетит!