МЕДИТЕРАНСКА КИНОА СО ПЕСТО, СУШЕНИ ДОМАТИ И МАСЛИНКИ

mediteranska kinoa so pesto, susheni domati i maslinki

Трик да се направи дури и најскептично јадење за многумина – киноа, е да се подготви на традиционален медитерански начин. Сушени домати, маслинки и песто и сок од лимон ја прават киноата совршен оброк.

mediteranska kinoa so pesto, susheni domati i maslinki

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
180 гр бела киноа
8 сушени домати во масло
250 гр шери домати
16 црни маслинки без семка
5 лажици маслиново масло
2 тиквички
2 млади кромитчиња
2 лажици сок од лимон
сол
бибер

Подготовка

  1. Исечкајте ги тиквичките на парчиња и пропржете ги.
  2. Исечете ги шери доматите на половина или на четвртини (во зависност од големината) и ситно исечете го младиот кромид. Додадете ги маслинките и грубо исечете ги исушените домати во масло.
  3. Исцедете ја киноата од течноста и ставете ја во голем сад заедно со тиквичките, шери доматите, сушените домати, пролетниот кромид и маслинките. Зачинете со песто и убаво измешајте.
  4. Додадете сол и црн пипер и повторно измешајте.
  5. Служете на собна температура или ладно.

Добар апетит!

Употребени производи