МЕДИТЕРАНСКА КИНОА СО ПЕСТО, ПОЛУСУШЕНИ ДОМАТИ И МАСЛИНКИ

mediteranska kinoa so pesto polusheni domati i maslinki

Киноата е сѐ позастапена во сечија кујна. Интересна е за подготовка бидејќи може да се вметне во најразлични комбинации. Еден од поинтересните рецепти е медитеранска киноа во комбинација со полусушени домати, маслинки и песто и сок од лимон.

mediteranska kinoa so pesto polusheni domati i maslinki

Време на подготовка: 30 минути

Подготовка: лесна

Порции: 4

Состојки
180 гр киноа
250 гр шери домати
2 тиквици
60 гр полусушени домати на филети во масло
16 црни маслинки без семка
2 млад кромид
сол
црн бибер
песто
2 лажици сок од лимон

Подготовка

  1. Исечете ги тиквиците на парчиња и ставете ги да се печат на плотна или на решетка за скара.
  2. Исечете ги шери доматите на половина или четвртина (според големината) и ситно исечете го кромидот. Додајте ги црните маслинки без семка и полусушените домати на филети.
  3. Процедете ја киноата.
  4. Во голем сад, комбинирајте ја киноата со тиквиците, шери доматите, полусушените домати на филети, младиот кромид и маслинките.
  5. Зачинете со песто во коешто ќе го ставите сокот лимон и измешајте додека целата киноа убаво не ги прими зачините.
  6. Додајте сол и црн бибер и повторно измешајте.
  7. Служете на собна температура или ладно.

Добар апетит!

Употребени производи