МАКАРОНИ СО КРЕМА ОД Ф`СТАК И РАКЧИЊА

makaroni so krema od f'stak i rakchinja

Прекрасно јадење во кое со сигурност ќе уживате – макарони со крема од ф’стак и ракчиња. Многу вкусно и нежно во исто време, ова е рецепт што е одличен кога имате гости и сакате да послужите јадење на масата кое ќе ги импресионира.

makaroni so krema od f'stak i rakchinja

Време на подготовка: 35 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
500 гр макарони
200 гр крема од ф`стак
2 инчуни
300 гр ракчиња
маслиново масло
сол
ѓумбир
луто пиперче
магдонос

Подготовка

  1. Измијте ги ракчињата и припремете ги.
  2. Загрејте малку масло во тавче и ставете ги инчуните. Потоа додадете ги ракчињата, посолете ги и мешајте ги неколку минути. Додадете малку ѓумбир и луто пиперче.
  3. Исклучете ја ринглата и додадете го ситно исечканиот свеж магдонос.
  4. Во меѓувреме сварете ги тестенините и исцедете ги (издвојте помалку од половина чаша од водата од тестенините (околу 30 ml).
  5. Ставете ги тестенините повторно во тенџере, но на тивок оган. Додадете ја кремата од ф`стак и мешајте ја додавајќи ја водата од тестенините и на крај додајте ги ракчињата. Добро измешајте.
  6. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи