МАФИНИ СО ПЕСТО И СУШЕНИ ДОМАТИ

mafini so pesto i susheni domati

Не се плашете да пробате нешто ново и интересно. Едноставен начин да експериментирате малку во кујната, а притоа да не потрошите многу време, се мафините со песто и сушени домати. Одличен избор за појадок, ужинка, вечера, едноставни за пакување за да можете да ги носите и на работа. Пробајте и уверете се!

mafini so pesto i susheni domati

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна 

Состојки
115 гр брашно
2 лажички сув квасец
30 гр пармезан
1 јајце
140 гр рикота
4 лажици песто
пола филџан млеко
10 сушени домати
сол

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Во сад, просејте го брашното, пармезанот, солта и квасецот.
  3. Во друг сад, измешајте ја убаво рикотата со јајцето, додадете го пестото и измешајте сè.
  4. Измешајте ги двете соединенија и додајте го млекото додека не добиете мека смеса.
  5. На крај додајте ги исечканите сушени домати, измешајте повторно.
  6. Ставете ги мафините во калапи, па во рерна.
  7. Печете во рерната 25 минути на 160 степени.
  8. Оставете ги мафините да се изладат пред да ги извадите од калапот.
  9. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи