ЛОСОС ВО КОРА ОД ПОЛУСУШЕНИ ДОМАТИ

losos vo kora od polususheni domati

Лосос во крцкава кора од домати рецепт што лесно се подготвува. Ова е интерсен и креативен рецепт кој ѝ дава посебна димензија на порцијата лосос. Кората се прави од леб и полусушени домати што во комбинација со лососот, го прави ова јадење неверојатно вкусно.

losos vo kora od polususheni domati

Време на подготовка: 45 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
400 гр лосос (филе)
60 гр сушени домати
150 гр стар леб
оригано
сол
бибер
маслиново масло
½ чешне лук

Подготовка

  1. Печете го лебот во загреана рерна на 160 ° C додека не добие златна боја.
  2. Изблендирајте го лебот заедно со полусушените домати на филети, лажичка оригано и половина чешне лук.
  3. Ставете го лососот на сад за печење обложен со хартија за печење. Премачкајте со малку маслиново масло и притиснете ја смесата од лебни трошки со полусушени домати. Додајте сол и бибер и печете на 200 ° C 20 минути, од кои последните 5 минути префрлете на функцијата скара.
  4. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи