ЛОСОС СО КОРА ОД СУШЕНИ ДОМАТИ

losos so kora od susheni domati

Лосос со кора од сушени домати е јадење што лесно се подготвува. За овој рецепт ви се потребни само неколку состојки, но секогаш можете да се обидете да ја збогатите рибата такашто ќе додадете многу различни ароматични билки. Подгответе го лососот на еден поинаков начин од вообичаено и уживајте во вкусовите.

losos so kora od susheni domati

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
400 гр лосос
60 гр сушени домати
стар леб
оригано
сол
бибер
маслиново масло
½ чешне лук

Подготовка

  1. Испечете го лебот или лебните трошки на претходно загреана рерна на 160 °C додека не се потпече убаво.
  2. Лебот или лебните трошки ставете го во сад заедно со сушените домати, ориганото и лукот и измиксирајте.
  3. Ставете го филето од лосос во тава обложена со хартија за печење. Намачкајте со малку маслиново масло и притиснете ја смесата од лебни трошки и сушени домати.
  4. Посолете, ставете малку бибер и печете 20 минути на 200°C, од кои последните 5 минути на функцијата скара.
  5. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи